Албанската полиција објави детали околу акцијата во Скадар, каде открила тунел кој бил прилагоден за криење и преработка на наркотици, што е во рамки на мегаоперацијата „Чиста територија“ започната пред неколку месеци на територијата на целата земја.

На снимката се гледа моментот кога полицајците упаднале во тунелот, во населбата „Скендербег“ каде била складинара марихуаната.

-Беа пронајдени и запленети 65,5 килограми преработена марихуана во форма на чоколада. Во возило од типот комбе паркирано во близина, пронајдени и запленети се 31,5 килограми канабис во шишиња, како и поголема количина воена муниција, стои во објавата на Министерството за внатрешни работи.

Во моментот на интервенцијата осомничените лица не биле пронајдени, но од извршените првични истраги се трага по Н.М.(42) и Б.М. (37), жители на Скадар.

Се додава дека за една недела на територијата на округот се уништени над 19.000 садници канабис и запленети 2.000 семки канабис.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2024 16:36