Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, изјави оти бил почестен да го тренира францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, кој се очекува ова лето да го напушти клубот од Париз и да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

„Беше чест да се биде тренер на Килијан Мбапе. Тој секогаш беше пример за другите. Не можам да кажам ништо лошо за него. Немам ниту една поплака за тоа. Неговото однесување беше едноставно одлично“, истакна Енрике в изјава за телевизијата Канал плус.

Мбапе ја игра последната сезона во дресот на ПСЖ, откако на 10 мај објави дека ќе го напушти главниот град по завршувањето на оваа сезона.

Мбапе оваа сезона одигра 47 натпревари за ПСЖ, постигнувајќи 44 голови во сите конкуренции.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2024 17:12