Секојдневниот живот, сиромаштијата, иселувањето на младите се темите во траги-комедијата „Веселинови“, која се работи по авторски текст на Трајче Кацаров. Главните улоги ги играат Оле Поцкова која ја толкува улогата на Весела и Игор Стојанов – Баркли, кој ја игра улогата на Веселко. Прмиерата на претставата е закажана во среда, а репризата во петок во малата сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Авторот, Кацаров на денешната прес-конференција истакна дека претставата се работи веќе околу два месеца.
-„Веселинови“ е огледало на нашата фамилија, на нашето секојдневие. Веселинови се пар кои се во постојона противречност, стравови. Стравови кои се предизвикани од плитките џебови, стравови кои се предизвикани од далечината на нивните деца и се она само по себе кое го носи секојдневното живеење. На некој начин ги лечи од сите они лоши особености, лоши моменти, кое што може да дојде било кое семејств, фамилија во услови тоа е денешницата, рече Кацаров.
Поцкова и Стојанов велат дека го прифатиле предизвикот, а како што велат подолг период биле во дилема дали ќе можат да одговорат на предизвиците.
-Ова за мене е прво искуство и многу драгоцено, јас до сега не сум играла театарска претстава. На инсистирање на овој голем човек Трајче Кацаров јас се зафатив за оваа работа. Прво ми беше тешко бев во недоумица дали ќе ја изнесам таа улога. Дали ќе можам да ги исполнам захтевите кои што не беа многу големи ама едноставно ми е прваа улога и јас не знаев дали можам да ги исполнам тие барања што ми ги кажа Трајче, вели Поцкова.
Стојанов надополни дека во ликовите на Весела и Веселко сите можеме да ги препознаеме нашиите татковци, вујковци, дедовци, мајки, стрини, и како што вели сигурно некој ќе се препознае во ликовите, бидејќи е реална ситуација инспирирана од секојдневниот живот.