Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен објави денеска заминување на напаѓачот Ерик-Максим Чупо-Мотинг и дефанзивецот Буна Сар.

Церемонијата на збогување со играчите се одржа пред натпреварот со Волфсбург (2:0) од 33. коло во Бундес лигата. Двајцата фудбалери го напуштаат баварскиот клуб како слободни играчи бидејќи нивните договори истекуваат идниот месец.

Французинот Сар (32) одигра 33 натпревари за Баерн оваа сезона и постигна еден гол, а запиша и четири асистенции.

Триесетипетгодишниот камерунски репрезентативец Чупо-Мотинг заминува од Баерн по одиграни 122 натпревари, на кои постигна 38 голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2024 17:31