Евролигата денеска ја објави најдобрата петорка за сезоната 2023/24, избрана од навивачите, новинарите и капитените на тимовите кои учествуваат во елитното европско кошаркарско натпреварување.

Најдобрата петорка ја сочинуваат Факундо Кампацо (Реал Мадрид), Мајк Џејмс (Монако), Кендрик Нан (Панатинаикос), Најџел Хејс-Дејвис (Фенербахче) и Матијас Лесор (Панатинаикос).

Кампацо се врати во Реал Мадрид оваа сезона и имаше просек од 11,7 поени и 6,5 асистенции по натпревар, со просечен индекс на корисност од 16,9.

Џејмс оваа сезона стана најдобриот стрелец во историјата на Евролигата, но не успеа да избори пласман со својот тим на фајнл-форот. Сезоната ја заврши со просек од 17,9 поени, 5,1 асистенции и 4,1 скокови по натпревар.

Нан во својата дебитантска сезона во Евролигата постигна 526 поени на 33 натпревари, што е најмногу за дебитант во историјата на Евролигата.

Лесор втора година по ред е избран во првата петорка, а оваа сезона имаше просек од 13,7 поени и 6,2 скокови по натпревар.

Втората петорка ја сочинуваат: Лоренцо Браун (Макаби), Костас Слукас (Панатинаикос), Вејд Болдвин (Макаби), Марио Хезоња (Реал Мадрид) и Валтер Таварес (Реал Мадрид).



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2024 17:56