За да ја изразат поддршката и солидарноста за палестинскиот народ, студенти во Солун и Атина, организирани од нивните здруженија, во текот на ноќта, со поставени шатори одржаа мирни протести со што се вклучија во пропалестинското студентско движење што започна во САД, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Солун студентите се собраа пред Белата кула и во пошироката околина ги поставија шаторите, додека пак во Атина, протестот што започна синоќа по 20 часот, а траеше до рано утрово, беше пред централната зграда на атинскиот универзитет.
И во двата грчките градови, студентите останаа во текот на ноќта.
Во знак на солидарност за Палестина, група студенти синоќа го окупираа објектот на правниот факултет во Атина, а рано утрово грчката полиција спроведе акција за празнење, при што беа притворени 27 лица