Дефанзивецот на Севилја, Серхио Рамос може да ја продолжи кариерата во САД.

Според „The Athletic“ фудбалерот е во преговори со Сан Диего, кој ќе дебитира во МЛС во 2025 година.

Играчот не сака да го продолжи договорот со Севилја. Тој има понуди и од други клубови, но преговорите со Сан Диего се во напредна фаза.

Триесет и осумгодишниот Рамос оваа сезона одигра 25 натпревари во Примера и постигна три гола.

Во текот на својата кариера Рамос има настапувано и за Пари Сен-Жермен, Реал Мадрид и Севилја Атлетико.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2024 17:36