Најмалку 30 јахти изгореа во голем пожар што избувна во пристаништето во Медулин на хрватското крајбрежје, јави хрватската национална телевизија ХРТ, повикувајќи се на информации од полицијата во Истра.
Полицијата добила дојава за пожар во пристаништето утрово во 03:55 часот. Досега изгореа 30 пловила, а неколку од нив потонаа. Пожарот се уште беснее, се слушаат и експлозии, јави ХРТ
Пожарот се шири од една на друга јахта. Засега нема информации за жртви во пожарот. Медиумот јави дека просечната цена на една јахта усидрена во тоа пристаниште е околу 150.000 евра.