Косовскиот премиер Албин Курти имал средба со лидерите на коалициските партии со кои, како што е најавено денеска, разговарал и за предвремени парламентарни избори.

На средбата беше посочено дека изборниот процес е прашање на месеци, „но дека договорот за следните чекори мора да биде во согласност со волјата на граѓаните како и со целосна усогласеност со опозицијата“, пренесе Бета.

Дури тогаш може сериозно да се третираат иницијативите за разговор за новиот изборен процес“, се наведува во соопштението.

На средбата, се додава во соопштението, се разговарало за актуелните настани, достигнувањата и предизвиците во исполнувањето на законодавната агенда, како и за плановите за во иднина.

На средбата меѓу премиерот Курти и претседателот на Демократската партија на Косово (ДПК) Мемљи Красниќи во понеделникот станало збор и за евентуалните предвремени парламентарни избори.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2024 21:22