Во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА ноќеска се одиграа два натпревара од плејофот. Бостон селтикс обезбеди полуфинале откако на домашен терен во петтиот натпревар од серијата прв до четири против Кливленд кавалирс победи со 113:98.

Противник на Бостон во конференциското финале ќе биде поуспешниот од двојката Њујорк никс – Индијана пејсерс (3:2 за Њујорк).

На другиот натпревар, Далас маверикс на гостински терен ја совлада Оклахома Сити тандер со 104:92. Моменталниот резултат е 3:2 за Далас.

Вечер по полноќ се среќаваат Минесота тимбервулвс и Денвер нагетс. По пет одиграни натпревари Денвер води со 3:2.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2024 16:40