Во сообраќајна несреќа кај Сињ во Хрватска утрово загинаа четири лица за кои полицијата се сомнева дека се мигранти, а уште неколку се повредени.

Како што јавија хрватските медиуми помеѓу загинатите е и дете на 14-годишна возраст.

Според медиумите, за време на полициската потера од Триљ кон Брназ, автомобил „Ауди“ со унгарски регистарски таблички, бегајќи од полицијата, поради несоодветна брзина удрил во ѕид од трафостаница при што загинале четири лица. Во сплитската болница се пренесени пет лица со тешки повреди меѓу кои и дете.

Сплитската полиција соопшти дека патничкото возило излетало од патот, а потоа удрило во ѕид



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2024 17:08