Планот за раст за Западен Балкан веќе се реализира, а на Самитот ќе разговараме како да ги спроведеме сите приоритети на регионот за оваа година, изјави денеска европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји пред отворањето на Самитот на лидерите на Западен Балкан и Европската Унија во Котор.

Според него, во рамките на споменатите приоритети, најважна е СЕПА (Single Euro Payment Area) односно област на заедничко плаќање во евра. Тој изјави дека сите граѓани и бизнисмени од регионот од првиот ден од следната година ќе имаат придобивки од овој план.

Самитот на лидерите на Западен Балкан и ЕУ се одржува под слоганот „Еден регион, заедничка визија“ се одржува во Котор, а учествуваат лидерите од регионот, претставници на ЕУ и САД



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2024 17:43