Вкупно 42 лица се спасени во акцијата на крајбрежната служба на Грција во морскиот дел на 27 наутички милји југозападно од островот Крит, јави дописничката на МИА од Атина.
Операцијата е во тек за пронаоѓање на евентуално исчезнати лица.
Според крајбрежната служба, 40 лица биле спасени од бродови што се наоѓале во близина, а останатите двајца со помош на хеликоптер на воената морнарица биле извлечени од морето и пренесени на Крит.
Грчката новинска агенција АНА-МПА, објави дека мигрантите побарале помош од италијанскиот центар за пребарување и спасување, по што италијанските ги информирале грчките власти.