Поранешниот играч на Арсенал и Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси е нов тренер на Херенвен, соопшти холандскиот клуб. 40-годишниот стручњак потпиша за две сезони.
За Ван Перси, кој е играчот со најмногу голови во историјата на „лалињата“ со 50 погодоци, ова ќе биде деби како тренер на сениорска екипа.
Досега имаше искуство како тренер на младински тимови на матичниот Феенорд.
-Тренерската професија е сеопфатна и предизвикувачка, и ја практикувам со многу страст и задоволство. Имам желба да продолжам со мојот развој и улогата на главен тренер совршено одговара на оваа амбиција. Затоа сум воодушевен од можноста што Херенвен ми нуди многу убав елитен клуб со богати традиции и лојални поддржувачи. Фантастичен предизвик е да се дозволи да се придонесе за спортските амбиции и развој на клубот овде како главен тренер, истакна легендарниот стрелец.
Официјално ќе биде претставен во вторник на 21 мај. Херенвен е на 10. место во Ередивизи пред крајот на првенството.