Менаџерот на Арсенал, Микел Артета увери дека сите во клубот се оптимисти и веруваат дека тимот може да ја освои титулата, иако Манчестер Сити ја држи судбината на трофејот во свои раце на уште едно коло до крајот. Во недела „топчиите“ го пречекуваат Евертон на „Емирати“, додека Сити му гостува на Вест Хем.

-Ова е една од најважните недели за многумина од нас. Возбудени сме и едвај ја чекаме неделата. Оптимисти сме за конечниот исход. Имаме надеж. Сепак, мораме да си ја завршиме работата бидејќи натпреварот против Евертон ќе биде тежок. Мораме повторно да покажеме дека сме подобри од противникот, потоа му посакуваме добар ден на Вест Хем и да ни помогне да го оствариме сонот, изјави Артета на прес-конференција.

Вели дека Манчестер Сити е чекор пред нив, но има многу тежок противник за игра и сигурен е дека Вест Хем ќе игра со сите сили на овој натпревар и може да им помогне.

-Сонот е жив затоа што тоа е фудбалот. Тоа е последниот ден од сезоната и ќе играме за трофејот во Премиер лигата. Ова се нема случено на Емирати, кој е отворен повеќе од 20 години, па мораме да бидеме оптимисти. Мора да ја завршиме нашата работа и да видиме што ќе се случи, рече Артета.

Запрашан дали има поплаки за играта на Тотенхем против Манчестер Сити минатата недела, Шпанецот рече: „Никогаш не можам да се пожалам на противник. Можам да имам поплаки само поради работите што не ги направивме за да имаме 91, 93 или 95 бодови“.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2024 19:01