Холандскиот стручњак Арне Слот потврди дека ќе биде следниот менаџер на Ливерпул. 45-годишниот тренер ќе пристигне на „Енфилд“ од Феенорд на лето за да го наследи Јирген Клоп.

-Можам да потврдам дека ќе бидам тренер таму следната сезона“, изјави Слот на прес-конференција во петокот.

Се очекува Ливерпул да плати околу 11 милиони евра обештетување на Феенорд за Слот.

За три сезони во Ротердам, Слот еднаш ја освои титулата и холандскиот куп со Феенорд



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2024 04:06