Ракометарите на Алкалоид се пласираа во финалето на Купот на Македонија, откако го совладаа Вардар со 25:24 (15-13) во натпревар кој се одигра во СЦ „Борис Трајковски“.
Мечот беше неизвесен и никој од двата противници не направи повеќе од 3 гола разлика.
Во последните секунди од регуларниот дел од мечот, при резултат 25:24 Вардар имаше пенал, меѓутоа Галевски со прекрасна интервенција го израдува тимот предводен од Кире Лазаров.
За Алкалоид ова е историско финале во Купот, а таму ќе игра против Пелистер.
Дуелот е закажан во недела од 19:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.