Кол Палмер ја доби наградата за најдобар млад играч во Премиер лигата.

Асот на Челси немаше конкуренција, бидејќи 22-годишниот играч за врска постигна 22 гола и запиша десет асистенции и е најзаслужен што тимот од Лондон ќе игра во Европа.

Во конкуренција беа и Фоден, Халанд, Ајзак, Мајно, Сака, Салиба и Удоги, но убедливо најмногу гласови имаше Палмер.

Тој е првиот играч на Челси по десет години кој доби вредно признание. Еден Азар го направи тоа пред него во 2014 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2024 04:26