Тренерот на тимот на Јувентус до 21 година, Паоло Монтеро ќе го предводи сениорскиот тим до крајот на сезоната, објави клубот од Торино на својот официјален сајт.

Педесет и двегодишниот Уругваец ќе го претставува тимот на натпреварите против Болоња и Монца.

Досегашниот тренер Масимилијано Алегри пред два дена доби отказ и покрај освоениот трофеј во Купот на Италија.

Алегри беше на чело на Јувентус од мај 2021 година. Под негово водство тимот освои 80 победи, 34 пати ремизираше и претрпе 35 порази.

На две кола пред крајот на сезоната во Серија А, Јувентус е на четвртото место со 67 бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2024 04:47