Ливерпул и официјално го назначи Арне Слот за нов тренер на тимот, соопштија од клубот.
Својата работа на „Енфилд“ официјално ќе ја започне на 1 јуни 2024 година. Тогаш Холанѓанецот мора да добие официјална дозвола за работа во Англија, која е неопходна по излегувањето на Велика Британија од Европската унија. 45-годишниот тренер ќе го замени Јирген Клоп на чело на „црвените“, кој вчера за последен пат ги предводеше во Премиер лигата во победата од 2:0 над Вулверхемптон. По средбата, самиот Германец го најави назначувањето на Арне Слот за негов наследник.
Слот пристигнува на „Енфилд“ по три години на чело на Феенорд, во кој еднаш ја освои домашната титула, го предводеше тимот до финалето на Конференциската лига каде што загубија од Рома на Жозе Мурињо и двапати беше именуван за тренер на сезоната во Ередивизи.
Интересен податок за самиот Слот е дека во досегашната кариера како фудбалер и тренер никогаш не работел надвор од својата татковина и ова ќе биде негово прво надвор од Холандија