Баер Леверкузен ја освои првата титула во Бундеслигата во клупската историја, имаат можност да бидат наградени со трофеи во Купот на Германија и Лигата на Европа, а сето тоа веројатно немаше да биде возможно да не беше Флоријан Вирц.

Германскиот претставник беше главната движечка сила на тимот на Чаби Алонсо во сезоната 2023/24. Со само 21 година ги предводеше „фармацевтите“ до титулата во лигата и две финалиња и сосема заслужено ја доби наградата за најдобар играч на германскиот шампионат.

Вирц ја заврши сезоната во Бундеслигата со 11 голови и 11 асистенции на 32 натпревари. Во Купот на Германија одигра пет натпревари на кои постигна три гола и четири асистенции, додека на 10 натпревари во Лига Европа додаде четири гола и четири асистенции.

Леверкузен на 22 мај го чека финалето од Лигата на Европа каде во Даблин ќе игра против Аталанта. Само три дена подоцна, избраниците на Чаби Алонсо ќе го играат финалето на Купот на Германија против второлигашот Кајзерслаутерн



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2024 05:43