Селекторот Герет Саутгејт го објави проширениот состав на Англија за Европското првенство.

Има 33 играчи, а неодамнешните клучни фигури како Џордан Хендерсон и Маркус Рашфорд отсуствуваат, а влегуваат млади фудбалери како Џарад Брантвејт, Кертис Џонс и Џарел Кванза.

-Некои од изборите ми беа многу тешки, но вистината е дека другите играчи на позицијата на Маркус имаа подобра сезона од него. Хендо не е фит откако беше надвор од теренот 5 недели и беше навистина тешко да се донесат тие одлуки, објасни Саутгејт.

До 7 јуни треба да се редуцира списокот до 26 играчи, кога последната екипна контрола е против Исланд, точно една недела пред почетокот на турнирот.

Поранешниот капитен на Ливерпул играше во Саудиска Арабија пред да му се приклучи на Ајакс оваа сезона, но беше надвор од форма, што важи и за напаѓачот на Манчестер Јунајтед. Не е вклучено и триото на Челси - Бен Чилвел, Рахим Стерлинг и Рис Џејмс.

Сепак, на списокот се одличните Коби Мајну од Манчестер Јунајтед и Еберечи Езе од Кристал Палас, што секако не гарантира дека ќе бидат избрани за турнирот во Германија.

Еве го целиот прелиминарен тим:

Голмани: Дин Хендерсон (Кристал Палас), Џордан Пикфорд (Евертон), Арон Рамсдејл (Арсенал), Џејмс Трафорд (Барнли)

Дефанзивци: Џарад Браунвајт (Евертон), Луис Данк (Брајтон), Џо Гомез и Џaрел Кванза (Ливерпул), Марк Гехи (Кристал Палас), Езри Конза (Астон Вила), Хари Мегваер и Лук Шо (Ман Јунајтед), Џон Стоунс и Кајл Вокер (Ман Сити), Киеран Трипиер (Њукасл).

Играчи од средниот ред: Трент Александар-Арнолд и Кертис Џонс (Ливерпул), Конор Галагер и Кол Палмер (Челси), Коби Мајну (Манчер Јунајтед), Деклан Рајс (Арсенал), Адам Вартон (Кристал Палас), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Фил Фоден и Џек Грилиш (Манчестер Сити), Џејмс Медисон (Тотенхем).

Напаѓачи: Џеред Бовен (Вест Хем), Еберечи Езе (Кристал Палас), Ентони Гордон (Њукасл), Хари Кејн (Баерн), Букајо Сака (Арсенал), Иван Тони (Брентфорд), Оли Воткинс (Астон Вила).



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2024 04:09