Првиот човек на албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани изјави дека минатата година запленет е имот во вредност од 41 милион евра, додавајќи дека вкупниот број на приведени на сметка на специјалното обвинителство е мал, само 8,5 отсто.

-Запленет е имот вреден 41 милион евра. Ние сме обвинители, но во никој случај не сме инквизитори. Наша работа е да истражуваме, да собираме докази и да гониме. Предвид треба да се има фактот дека многу од нашите субјекти се функционери кои ја претставуваат албанската држава. Целиот орган на СПАК има истражено 820 материјали, за кои 113 материјали не е решено да започне истрага. До судот се испратени 53 барања за пресуда, 38 барања од коруптивен карактер, рекол Думани, јавија медиумите.

СПАК како тим, додал тој, покажал дека има подобрување во работата во однос на пред една година, што ја одразуваат работата, трудот и професионалноста на 18 обвинители и другите вработени.

-Тврдоглави се бројките, бидејќи живееме со организиран криминал. Мерката апсење и затвор со наши барања изнесува само 49 отсто од вкупниот број за кои е побарно безбедносна мерка. Вкупниот број на приведени на сметка на СПАК е 237, што значи само 8,5 отсто од вкупниот број доставени барања. Повторувам дека оваа бројка е помала од 9 отсто од вкупниот број, изјавил Думани.

Што се однесува до корупцијата на судските службеници, тој вели дека таа е евидентна во Скадар, Драч, Лач и Фуш Круја.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2024 00:40