Екипата на Баскет Кам е ново-стар македонски кошаркарски шампион во женска конкуренција.

Тимот од Македонска каменица синоќа во Скопје, во третиот натпревар од финалната серија на плејофот, уште еднаш го победи Вардар, овој пат со 77:74. По двете победи на свој терен, кошаркарките кои ги предводи Жаклина Стојановска, во СРЦ „Кале“ ставија печат на титулата.

Баскет Кам 2011 како прва екипа која ги обедини трите круни (првенство, куп и суперкуп) во женската македонска кошарка стигна до историски подвиг.

За најкорисна кошаркарка на финалната серија (МВП) е прогласена Цветанка Димова од победничката екипа.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2024 15:10