Петтиот светски рекет, американската тенисерка Џесика Пегула објави дека нема да се натпреварува на Отвореното првенство на Франција во 2024 година.

-Речиси се вратив на нормалниот тренинг, но играв многу внимателно додека закрепнував. Да ми останеа уште 5-7 дена, ќе бев таму 100%. Значи, дефинитивно ќе се вратам за сезоната на трева и остатокот од летото. Треба да го зголемам бројот на натпревари, напиша Пегула на социјалните мрежи.

Ролан Гарос ќе се одржи од 26 мај до 9 јуни во Париз.

Ждрепката за главната фаза на Грен слемот ќе се одржи на 23 мај



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2024 15:21