Во Вишиот суд во Смедерево денеска поради инцидент беше прекинато рочиштето за случајот за минатогодишното масовно убиство во Дубона и Мало Орашје, по што е одлучено процесот да продолжи во Белград пред Специјалното одделение за организиран криминал, јави ТВ Н1.

-Датумот ќе биде одреден подоцна, изјави за медиумите Немања Перовиќ, адвокат на оштетениот Немања Илиќ, кој тогаш беше ранет.

Во судницата во Смедерево претходно се случи инцидент, па осомничениот за тоа кривично дело Урош Блажиќ беше изнесен од судницата. Во судницата се појавил со својот татко во панцир, а ги донеле десетина полицајци, пишува сајтот на таа телевизија.

Веднаш штом Блажиќ влегол во судницата, кон него нафрлиле родители на убиените по што полицијата го извадила од судницата. Брза помош интервенирала кај неколкумина од родителите на убиените.

Блажиќ е обвинет за убиство на девет и ранување тринаесет лица во селата Мало Орашје и Дубона на 4 мај 2023 година



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2024 16:35