Челси ќе се вклучи во битката за дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо. „Сините“ ќе се натпреваруваат со Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен за привлекување на уругвајскиот интернационалец, според „Мундо Депортиво“.
Од „Стемфорд Бриџ“ сакаат да ги надминат своите ривали и веќе стапиле во контакт со агентите на Араухо за да разговараат за условите под кои тој би заминал за Лондон. Првичните преговори довеле до позитивен исход.
Дваесет и пет-годишниот фудбалер сака да остане во Барселона, но во моментов не може да се договори со шефовите на клубот за продолжување на договорот. Покрај тоа, „каталонците“ се склони да се разделат со него со надеж дека ќе земат сума од околу 100 милиони со која ќе го стабилизираат својот буџет.
Челси му нуди на Араухо многу пооптимални услови од оние што ги има сега во Барса. Лондончани, исто така, не се срамат да трошат големи пари за нови играчи, па не е ни чудо што ја нудат бараната цена на Барселона за правата на дефанзивецот