Италијанскиот фудбалски стручњак и тренер на Интер, Симоне Инзаги денеска е прогласен за најдобар тренер на Серија „А“ за оваа сезона, соопшти управата на натпреварувањето.

Наградата ја додели жири составено од директори на спортски медиуми кои го оценуваа секој тренер врз основа на технички и спортски критериуми, квалитетот на играта на нивните тимови и нивното однесување за време на натпреварите.

Инзаги во тековната сезона со Интер ја освои италијанската шампионска титула, со 19 бода повеќе од второпласираниот Милан на коло пред крајот на првенството.

Тој во досегашната кариера покрај Интер беше тренер и на Лаци



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2024 04:10