Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, инсистира дека не сака да го напушти тимот, но сака клубот да ги исполни неговите очекувања.

Репрезентативецот на Португалија изјави во интервју во неговата татковина претходно овој месец дека ќе размисли за својата иднина по ЕП 2024. Тој беше поврзуван со преселба во Баерн Минхен или тимови во Саудиска Арабија.

Тој ги подгреа сомнежите кога, по минатонеделната победа над Њукасл, кога рече: „Ако поради некоја причина не ме сакаат во тимот, јас ќе си одам. Но, ако ме сакаат, ќе останам“.

Дваесет и девет-годишниот фудбалер има уште две години од договорот со Манчестер Јунајтед.

-Сакам да одам на „Олд Трафорд“ повеќе од било што на светот. Не сакам да заминам. Тоа отсекогаш беше мојот најголем сон. Само сакам моите очекувања да се совпаднат со очекувањата на клубот. Ако одите да разговарате со кој било навивач, тој ќе ви го каже истото. Сакаме да се натпреваруваме за титулата во Премиер лигата. Сакаме да играме во Лигата на шампионите. Сакам да бидам во финалето на купот. Тоа е стандардот. Тоа е она што го сакам, рече Бруно Фернандеш во изјава за веб-страницата „Плејерс Трибјун“.

По разочарувачката сезона во која Манчестер Јунајтед заврши на осмото место во Премиер лигата, најнискиот финиш на тимот во ерата на Премиер лигата, тимот има шанса да заврши со позитивна нота во финалето на ФА Купот против Манчестер Сити.

Фернандеш ја презеде одговорноста за лошиот настап на „црвените ѓаволи“, но рече дека е решен да ги води своите соиграчи до подобри работи.

-Знам дека не беше лесна сезона за навивачите. Не бевме на нивото што го заслужувате. Имаше толку многу моменти кога се чувствувавме како да се надоврзуваме на тоа, но тоа никогаш не се случи. Никогаш не успеавме. Не бевме доволно константни, но мораме да бидеме подобри. По оваа тешка сезона, моја одговорност е да дадам повеќе. Започнува со мене и почнува утре, вети Бруно Фернандеш



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2024 04:10