Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, верува дека неговиот тим може да има силен настап во финалето на ФА Купот против Манчестер Сити, откако најдобрите настапи на „црвените ѓаволи“ во текот на целата сезона беа против висококвалитетниот противник.

-Се е до трофеите. Имаме огромна можност да подигнеме трофеј. Во последните 10 години клубот немаше многу такви, но сега имаме можност за две години да освоиме две почести. Финалето на ФА Купот е огромен настан. И ние сме таму. Дури и во сезона во која работите не се одвиваа како што сакавме, ние сме таму. Нема да биде лесно, но мораме да го направиме тоа. Знам дека често против најсилните противници го играме нашиот најдобар фудбал. Така треба да биде во сабота, изјави Тен Хаг.

Во однос на тоа дали ова е неговиот последен натпревар на чело на Јунајтед, Холанѓанецот изјави дека е фокусиран само на работата што треба да ја заврши - да победи во финалето во сабота и потоа да го продолжи проектот.

-Дојдов тука да освојувам трофеи и во сабота имаме шанса да подигнеме еден. Го заслуживме тоа како тим. По секоја сезона правите сметка и проценувате до каде стигнал проектот и што треба да се промени, изјави тренерот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2024 04:10