Дефанзивецот на Јувентус, Алекс Сандро ќе го напушти клубот ова лето, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Триесетитригодишниот Бразилец ќе го напушти тимот од Торино како слободен играч и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во бразилски клуб.

Сандро настапува игра за Јувентус од 2015 година, а оваа сезона дефанзивецот одигра 17 натпревари во црно-белиот дрес.

Сандро претходно настапуваше за Атлетико Параненсе, Сантос и Порто, а во дресот на бразилската репрезентација одигра 40 настпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2024 04:17