„Калинка“ е насловот на книгата поезија на турскиот поет Хајдар Ергулен која деновиве е објавена во издание на Здружението за наука и куклтура „Нова“ од Битола. Препевот и изборот на поезија е на Ерол Туфан.

Книгата содржи 40 песни, поделени во три циклуси: „Песни за Идил“, „Кабаре“ и „Песни за Хафизот“. Станува збор за рефлексивна поезија, каде поетот го отсликува животот, но истовремено ја бара смислата на постоењето преку малите случувања и допири на љубовните емоции кои, се чини, го носат најголемиот порив во животот.

Хајдар Ергулен е роден во 1956 година. Дипломирал социологија во Анкара, а постипломски студиии завршил на Одделот за комуникации на Универзитетот „Анадолија“. Предава на приватни факултети во Истамбул: Турска поезија, Турска литература и Креативно пишување. Организатор е на три поетски фестивали во Турција. Преведен е на повеќе јазици. Со книгата „Калинка“, Хајдер Ергулен е преведен за првпат на македонски јазик.

Објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2024 17:20