Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп не можеше да ги задржи солзите на средбата со навивачите на клубот.
Германецот вчера на стадионот на Ливерпул кога ја сумираше својата 9-годишна работа во клубот заплака.
Клоп истакна дека приклучувањето во англискиот тим е неговата најдобра одлука во животот, покрај бракот со сопругата Ула, а навивачите одговорија со скандирање на неговото име.
Во Ливерпул Клоп пристигна во октомври 2015 година. Под негово водство, тимот стана шампион на Англија, а воедно и победник на Лигата на шампионите. Покрај тоа, Ливерпул двапати го освои англискиот Лига куп и стана победник на националниот ку