Поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Ерик Ламела (32) по три години ги напушти редовите на шпанскиот прволигаш Севиља.

Ламела пристигна во Севиља во 2021 година од Тотенхем и постигна 16 голови на 92 настапи за клубот од Андалузија.

„Како и сите збогувања, во овој момент е малку тажно, но како голем професионалец разбирам дека ваквите моменти доаѓаат и тие циклуси завршуваат“, изјави Ламела во видео објавено на клупската веб-страница.

„Кога ја освоивме Лигата на Европа, тоа беше причината поради која овој клуб влезе во моето срце. Никогаш нема да го заборавам“, додаде тој.

Ламела помина осум сезони во Тотенхем, а го носеше и дресот на Рома и Ривер Плата.

За аргентинската репрезентација забележа 25 настапи и постигна три голови



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2024 04:15