Дефанзивецот на Ливерпул Конор Бредли може да потпише нов договор.

Како што објави „Team Talk“, раководството на тимто од „Енфилд“ има намера да му понуди на 20-годишниот фудбалер од Северна Ирска договор со подобрени услови. Актуелниот договор е со важност до летото 2027 година.

Минатата сезона Бредли одигра 23 натпревари, постигнувајќи еден гол и шест асистенции.

Ливерпул сезоната 2023/24 ја заврши на 3. место со 82 освоени бода. Од следната сезона тимот ќе биде предводен од новиот тренер Арне Слот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2024 16:00