Напаѓачот на Фиорентина, Андреа Белоти, позајмен од Рома, ќе се врати во римскиот клуб, објави новинарот Николо Шира.
Триесетгодишниот Италијанец нема намера да остане во Фиренца и ќе се обиде да се избори за стандардно место во Рома.
Белоти беше позајмен на Фиорентина во јануари 2024 година. За виолетовите одигра 22 натпревари на кои постигна два гола и направи асистенција.
Во поразот синоќа од Олимпијакос синоќа во финалето на Конференциската лига, Белоти одигра 59 минути по што беше заменет со Мбала Нѕола