Фудбалерот на Олимпијакос Стеван Јоветиќ ја коментираше победата над Фиорентина (1:0) остварена синоќа во финалето на Конференциската лига.

- Неверојатно искуство. Многу сум горд на тимот. Мислам дека имавме одлична година и ја заслуживме победата. Би сакал да и оддадам почит на Фиорентина, која стигна до самито крај последните две години по ред. Неверојатен тим. Многу ѝ е тешко и ѝ посакувам само најдобро, го цитира Јоветиќ прес-службата на УЕФА.

Олимпијакос за прв пат во историјата освои европскиот трофеј и стана третиот освојувач на Конференциската лига.

Турнирот се одржува од сезоната 2021/22. Претходно го освоија Вест Хем и Рома



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2024 16:30