Напаѓачот на Хајдук, Александар Трајковски очекува одличен натпревар на македонската репрезентација на гостувањето во Риека против Хрватска.
- Хрватска е голема репрезентација и одличен тест за нас. Како и во минатото и сега треба да покажеме дека можеме да се носиме со вакви силни репрезентации. Но, исто така, ова ќе биде добра контрола и за Хрватска која се подготвува за Европско првенство и мислам дека ќе биде добар натпревар. Искрено, и јас и сите во нашата репрезентација веруваме во добар резултат. Ќе се обидеме и ќе го дадеме максимумот за да го постигнеме тоа. Едноставно да покажеме какви се нашите идеи и за натпреварите во септември во Лига на нации, изјави Трајковски за ФФМ.
„Црвено-жолтите“ контролниот натпревар против Хрватска ќе го играат на 3 јуни во Риека, седум дена подоцна одат во Храдец Кралове на дуел со Чешка