Антонио Конте е заинтересиран за трансфер на Федерико Киеза во Наполи.

Како што објави „Tuttomercato“, Конте, кој е пред промоција во Наполи, го гледа играчот од средниот ред на Јувентус како потенцијална замена за Квича Кварацхелија во случај на негово заминување.

Се известува и дека Конте е сериозно заинтересиран во Наполи да го донесе и Данило.

Од тренерот ќе зависи и иднината на Џакомо Распадори - претходно имаше информации за интерес за наполитанскиот напаѓач од Интер и од Јувентус.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2024 18:54