Македонската фудбалска репрезентација утре ќе отпатува за Риека каде в понеделник ја очекува пријателскиот натпревар против Хрватска.

Во пресрет на патувањето во Хрватска и дуелот против бронзената репрезентација од Мундијалот 2022, како и контролниот дуел против Чешка на 10 јуни, своите очекувања ги изнесе дефанзивецот Јован Манев.

„Среќен сум што сум заедно со соиграчите и стручниот штаб. Кога се игра против репрезентации како што се Хрватска или Чешка, селекции кои се подготвуваат за Европското првенство, мотивацијата е на највисоко ниво. Се надевам дека ќе бидат одлични тест натпревари за нас за предизвиците кои не очекуваат во септември“, рече Манев.

Тој нагласи дека сите во таборот на селекторот Благоја Милевски имаат иста цел да постигнат добар резултат на гостувањето во Хрватска.

„Кога се игра за репрезентација не постои штедење, фокусот е присутен постојано и кога сме на собир друга побитна работа нема. Сите тука сме со една цел, да постигнеме добар резултат“, истакна Манев во изјава за официјалниот сајт на ФФМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2024 04:54