Новиот тренер на германскиот гигант Баерн Минхен, Белгиецот Винсент Компани (38) најави дека од своите фудбалери ќе бара апсолутна агресивност и храброст на теренот.
Компани вчера беше именуван за нов тренер на Баерн, наследувајќи го Томас Тухел, кој замина по заемна согласност со клупското раководство по само 14 месеци и сезона во која Баварците за првпат по 12 години останаа без трофеј.
Еден ден подоцна, Компани на неговото претставување пред новинарите изјави дека ќе бара апсолутна агресија и храброст од своите играчи.
„Сакам играчите на Баерн да бидат храбри со топката, да имаат карактер. Сакам тимот да биде агресивен, да ги претставува тие две работи, рече Компани.
„Се надевам дека таа комбинација ќе ја носат секоја минута од натпреварот. Секогаш“, додаде белгискиот тренер.
Компани ја започна својата тренерска кариера во Андерлехт, а во последните две сезони раководеше со Барнли.