Поранешниот НБА центар Дру Гордон (33) загина во четвртокот во сообраќајна несреќа во Портланд, објави денеска ЕСПН.

Дру Гордон е постар брат на Арон Гордон, кој минатата година со Денвер ја освои шампионската титула во НБА.

Дру Гордон одигра девет натпревари за Филаделфија во сезоната 2014/15.

Голем дел од својата кариера Гордон ја мина во Европа, настапувајќи за клубови во Србија, Полска, Италија, Турција, Франција, Литванија, Украина и Русија.

Кариерата ја заврши во сезоната 2022/23 во Јапонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2024 18:42