Италијанскиот прволигаш Рома официјално објави денеска дека го откупи од германски Лајпциг договорот на 27-годишниот шпански фудбалер Анхелињо.
Шпанското лево крило од оваа календарска година го носи дресот на римскиот тим и очигледно ги задоволи челниците на Рома.
Анхелињо ја почна професионалната кариера во Манчестер Сити, но од англискиот шампион најчесто беше позајмуван на други клубови.
Во помладите категории настапуваше за шпанската репрезентација до 17 и до 21 година.
Рома оваа сезона ја заврши на шестото место во Серија А.