Англискиот фудбалски првак Манчестер Сити е заинтересиран во летниот преоден рок да се засили со крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго, пренесува денеска шпанскиот весник Марка.

Според изворот, голем број европски клубови ја следат ситуацијата во Реал Мадрид во врска со очекуваниот трансфер на Килијан Мбапе, поради што дел од играчите би можеле да бидат незадоволни од новата улога во тимот.

Оваа сезона 23-годишниот Бразилец Родриго одигра 50 натпревари за Реал во сите натпреварувања, постигнувајќи 17 голови и девет асистенции.

Родриго е дел од Реал од 2019 година, а неговата пазарна вредност се проценува на 100 милиони евра



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2024 19:45