Еден од најжешките таленти во европскиот фудбал, Бенџамин Шешко, откри дека минатото лето имал можност да му се приклучи на Манчестер Јунајтед, но на крајот избрал да ја продолжи кариерата во РБ Лајпциг.
Се чини дека на лето неговото име повторно ќе се поврзува со голем број на екипи, а се уште постои интерес за Шешко од страната на „црвените ѓаволи“ и од Арсенал, кои до последното коло беа во борба за титулата во Англија.
Дваесет и едно-годишниот фудбалер откри зошто минатото лето одбил да потпише за Јунајтед.
-Главната работа беше што не учествував во тие разговори, но мислам дека беше подобро за мене што дојдов овде. Важно ми беше да одам на место каде што се игра фудбал каков што бев навикнат. Веќе знаев што треба да направам и не морав да го поминам целиот тренажен процес, прокоментира Шешко за ситуацијата.