Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез конечно ќе потпише нов договор со клубот, пренесуваат италијанските медиуми. Преговорите меѓу двете страни се одолговлекуваа со месеци, но конечно постигнаа договор на состанокот меѓу агентот на играчот и управата што се одржа вчера.

Така наскоро се очекува Мартинез да потпише договор до летото 2029 година или три сезони подолг од сегашниот договор. Неговата годишна плата се очекува да биде во висина од 9 милиони евра, а со бонуси може да достигне најмалку 10 милиони. Дополнително, во договорот нема откупна клаузула, а на оваа тема во ниту еден момент не се разговарало.

Напаѓачот им се приклучи на „нероазурите“ во 2018 година со трансфер од родниот Расинг клуб. Под водство на Лучијано Спалети, Антонио Конте и Симоне Инзаги одигра вкупно 282 натпревари со 129 гола и 43 асистенции во сите натпреварувања. Во текот на оваа кампања, аргентинскиот интернационалец со своите 23 гола за првпат ја доби наградата „Капоканоние“ за водечки стрелец во Серија „А“. 25-годишникот беше прогласен и за играч на сезоната во италијанската елита.

Неговите трофеи освоени со гигантот од Милано се две титули во Серија „А“, два Купа на Италија и три домашни Суперкупа.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2024 04:04