Договорот меѓу Наполи и Антонио Конте изгледа многу блиску до својата конечна форма, пренесуваат италијанските медиуми. Остануваат само последните детали до потпишувањето на договорот меѓу двете страни.

Конте ќе стане нов тренер на „небесно сините“ со тригодишен договор, а кои се финансиските детали откри новинарот Николо Шира.

Фиксната сезонска плата е 6,5 милиони евра, со два важни бонуси: 2 милиони евра за пласман во Лигата на шампионите и уште 1 милион евра за освојување на Скудетото.

Во меѓувреме, Фабрицио Романо прецизира дека има договор за имиџ правата на стручњакот, како и дека во неговиот штаб ќе се приклучи Леле Оријали, кој му беше помошник во италијанската репрезентација и во Интер.

„Ил Матино“ додава дека најверојатно Конте ќе биде прогласен за тренер на наполитанците во вторник на специјален настан во театарот „Сан Карло



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2024 04:05