Шпанска Ла Лига потврди дека нејзиниот оддел за интегритет отвори истрага за околу 20 натпревари од различни причини.
Еден од нив е натпреварот помеѓу Севиља и Кадиз кој се одигра во рамките на 36. коло од шампионатот и заврши со победа на Кадиз.
Меѓу другите натпревари се и Рајо – Гранада, Кадиз – Хетафе, Селта – Атлетик (Билбао) и Осасуна – Мајорка.
Ла Лига ќе се обиде да ги расчисти сите сомнежи околу овие судири за да го зачува интегритетот на натпреварувањето