Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти соопшти кој ќе биде на голот на тимот во големото финале во Лигата на шампионите утре од 21 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон.

-Тибо Куртоа почнува утре. Андриј Лунин ќе биде на клупата, изјави тренерот на Реал.

Причината за ова е што Лунин боледува од вирусна болест, која го спречи целосно да тренира со тимот.

Шпанскиот тим ќе го брка 15-от трофеј во натпреварувањето, а противник утревечер ќе им биде Борусија Дортмунд



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2024 04:20