Далас Маверикс ја надиграа Минесота со 124:103 и со 4:1 во серија се пласираа во големото финале на НБА лигата каде ќе ги одмерат силите против Бостон Селтикс.

Франшизата од Тексас до голем успех ја предводеше Лука Дончиќ, кој ја „подигна“ наградата за најкорисен кошаркар во финалето на Западната конференција.

Словенецот по натпреварот истакна дека тој и неговите соиграчи имаат уште работа.

-Тоа беше многу тешко патување, но не е готово. Има уште работа, треба да дојдеме до уште четири победи, но мислам дека заслуживме да славиме малку денес. Ова е лудо. Ние сме одличен тим. Но, она што е поважно е дека имаме одлични момци во тимот, од играчи до тренер. Се држиме заедно, играме кошарка, успеавме да победиме неколку многу добри тимови на патот до овде. Сега ја чекаме најдобрата екипа во лигата која имаше најдобар скор во лигашкиот дел. Мора да играме одлична кошарка за да ги победиме, истакна Дончиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2024 04:26